Украинската кошаркарска репрезентација беше пречекана со овации во Шпанија, каде пристигна за квалификацискиот натпревар за СП 2023 година.
Украинците играа таму на денот кога Русија ја нападна нивната земја и окупираше дел од нејзината територија со воена акција.
Украинците беа видно потресени пред почетокот на натпреварот. Со солзи во очите ја пееја химната, а камерата фати силна порака на лицето на еден од нив. На десниот образ пишувало „Не на војната“.