Ерлинг Халанд (21) стана нов член на Манчестер Сити.
Англискиот тим денеска официјално објави дека е постигнат договор за трансферот на 21-годишниот напаѓач, а сагата на тимот за неговата иднина е завршена.
Интересно видео беше направено минатата година кога Халанд за прв пат дојде на Етихад како фудбалер. Тогаш Борусија одигра натпревар од Лигата на шампионите против Сити, а Ерлинг беше воодушевен од тоа што го виде.
Камерите го следеа секој негов потег. Она што ги воодушеви навивачите е што не сакаше да го згази грбот на клубот на излезот од тунелот, а потоа му рече на соиграчот Џуд Белингем:
„Убаво, нели?“
When Erling Haaland stepped foot onto the Etihad pitch 💙 pic.twitter.com/cjYXCUTqf9
— ESPN UK (@ESPNUK) May 10, 2022
Ерлинг се поврзуваше со Сити уште од дете. Неговиот татко Алф Инге Халанд кариерата ја заврши во 2003 година во овој клуб, каде што помина три години.
Сепак, тој настапи само на 47 натпревари поради тешката повреда што му ја нанесе Рој Кин.