Манчестер Јунајтед подготви нов срам за своите навивачи, во неделата на „Олд Трафорд“ Тотенхем славеше со 1:6.
Хари Мегваер беше под критика веќе подолго време, многумина се на мислење дека тој не ја заслужува капитенската трака, бидејќи тој не делува како лидер на теренот.
На крајот на првото полувреме, судијата Тејлор, по консултација со ВАР, го исклучи Ентони Марсијал за удирање во Ерик Ламела.
Однесувањето на Мегваер по тој повод не беше достојно за капетан. Наместо да инсистира и Ламела да добие црвен картон затоа што започна сè, стоперот се однесуваше сосема поинаку.
Видеото од зад голот покажува како Англичанецот го убеди Маркус Рашфорд кој протестираше и сметаше дека Ламела исто така заслужува црвено.
„Тоа не е насилно однесување, проверија и рекоа дека не е“, му рече Мегваер на својот соиграч кој продолжи да протестира.
https://twitter.com/ManUnitedZone_/status/1313577175602393088