Со нокаут пред крајот на првата рунда, македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски го заврши полуфиналниот меч на Европското сениорско првенство во Атина и обезбеди пласман во финалето за одбрана на шампионската титула и златниот медал од пред две години. Илиоски, во категоријата лоу кик до 86 килограми беше убедливо подобар од грчкиот репрезентативец Христос Филис и борбата ја реши уште пред да заврши првата рунда, откако при водство со 3-0 го нокаутираше противникот.Финалето на македонскиот репрезентативец ќе биде утре или в сабота.
Со нокаут во првата рунда против Гркот до пласман во финалето, Илиоски ќе се бори за златен медал во Атина
