Елиф Елмас го стави потписот на договорот со италијанскиот тим Торино. Ќе го носи бројот 11 на дресот, а договорот е позајмица до крајот на сезоната и потоа можност за откуп за 18 милиони евра од Лајпциг. Ова е практично враќање на Елмас во Серија А, каде во дресот на Наполи се закити со титула. На интересен начин, со излепени плакати низ градот, Торино го презентираше новото засилување.
A grande richiesta, Back to Italy! 🇲🇰 pic.twitter.com/NbOj2DreNL
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) January 30, 2025
