Раководството на Борусија Дортмунд ќе го награди крилото Џејден Санчо со нов договор со значително поголема плата ако реши да остане во клубот следната сезона, пренесува „Билд“. 20-годишниот англиски репрезентативец е прогласен за еден од најперспективните офанзивни играчи во светот и според медиумите е посакуван од голем број европски гиганти, а најчесто е поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед.
Сепак, Дортмунд се надева дека ќе ја задржат својата sвезда, откако се подготвени да ја зголемат неговата плата од 6 милиони евра годишно на 10 милиони евра. Така, Санчо, кој има импресивни 17 голови и 19 асистенции на 35 одиграни натпревари за Борусија Дортмунд оваа сезона, ќе стане вториот најскап играч на клубот по капитенот Марко Ројс, кој добива 11 милиони евра годишно.