Полскиот напаѓач Роберт Левандовски зад себе има сезона од соништата во која освои се што може да се освои со Баерн.
Левандовски минатата сезона одигра 47 натпревари во сите натпреварувања за Баерн, и успеа да постигне дури 55 гола и да запише десет асистенции.
Полјакот во моментов е на заслужен одмор, и ќе го пропушти натпреварот од Лигата на нации против репрезентацијата на БиХ, што ќе се одигра во понеделник во Зеница.
Напаѓачот на Баерн објави видео на Инстаграм, кое насмеа многумина. Очигледно и „ТикТок“ го „зарази“, а Лева дури реши да танцува и да насмее многу луѓе со неговите движења.
https://www.instagram.com/reel/CErlV9SlEsN/?utm_source=ig_embed