Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва признава дека би било голема чест за него да игра заедно со аргентинската starвезда.
Бернардо Силва признава дека би било привилегија за него да игра заедно со Лионел Меси.
Офанзивниот играч од средниот ред на Манчестер Сити веќе играше со Кристијано Роналдо во репрезентацијата на Португалија.
Но, тој би ја комплетирал желбата да игра заедно со друга европска легенда на фудбалот.
„Секако, би сакал да играм заедно со Меси. Играв со Кристијано во националниот тим. И, ако би играл со Меси, ќе можам да кажам дека играв со најдобрите во историјата. Би било чест и задоволство за мене. Но, тоа е комплицирана работа. Ако се случеше во Сити или во Барса, тоа ќе беше добредојдено“, изјави 25-годишникот за медиумот „СЕР Каталунија“.
Португалецот беше еден од најдобрите играчи на Сити во последните сезони.