Кога на Барселона не му оди, прв што е на удар на навивачите, но и на соблекувалната, е тренер, а истото се случи и со досегашниот тренер Сетиен.
Очигледно, соблекувалната прави се за да го избрка, со оглед дека не им се допаѓа неговиот пристап, особено на натпревари.
Поискусните играчи, а особено Меси, се пожалија пред лидерот на Барселона да го донесе Чави Ернандез за нов тренер.
Со денови во шпанските медиуми кружат информации дека е постигнат договор со Чави, и дека тој ќе се врати во Барселона, но нема да дојде од тоа.
Имено, Чави потпиша нов договор со екипата на Ал-Сад и тој ќе биде нивни тренер за следната сезона, така што нема ништо од преземањето на Барселона, барем во блиска иднина.