Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен пристигна како големо засилување во Интер на почетокот од оваа година, но не се снаоѓа најдобро како што очекуваше на „Меаца“.
Ериксен пристигна во Интер од Тотенхем за 27 милиони евра и од него се очекуваше многу, но се чини дека е далеку од она што сакаше да го постигне. Се чини дека Антонио Конте не смета на него, па Данецот има неколку минути на Меаца.
Затоа веќе некое време се пишува дека Ериксен ќе го напушти Интер по само една година, а клубот од Меаца се обидува да го продаде или да договори размена на играчи со некој клуб.
Дека Ериксен бил отпишан во Интер, потврди и директорот на овој клуб, Бепе Марота, кој изјави дека Данецот е на трансфер листата.
“Да, можам да потврдам дека Кристијан Ериксен е на трансфер листата. Тој ќе замине во јануари. Не е во плановите на тренерот на клубот и одиме многу напорно во Интер. Мислам дека вистинското решение е да најдеме клуб каде ќе имаат повеќе простор за игра”, рече тој. Марота.