Првата асоцијација на име Марио Геце секако дека е неговиот победнички гол во финалето од Светското првенство во 2014. година против Аргентина во продолженијата од натпреварот, а потоа Германецот просто исчезна од фудбалската сцена.
Гледајки од овој агол, трансферот на Марио Геце во Баерн во 2013. година од редовите на Милионерите, благо кажанпо, беше промашување.
Следуваше враќањето во Борусија, кое навивачите не го прифатиа баш најдобро, па можеме да кажеме дека Германецот во својот поранешен-сегашен клуб стагнира. На вчерашниот натпревар против Хофенхајм неговото име не беше ниту во резервите на Борусија.
26-годишниот Геце веќе долго време ја бара вистинската форма, а неговиот соиграч Кевин Гроскројц има предлог за него:
„Морам да кажам дека ми е жал за Марио затоа што е одлично момче. Можеби би било подобро на зима да најде некој ангажман. Пред се потребно му е мир и екипа во која ќе игра и ќе ја врати старата форма. Да кажеме дека Клоп го познава одлично, мислам дека би се снашол во Ливерпул“.