ФУДБАЛ

„Соиграчите ме исмејуваа поради мојот автомобил, па Руни ми подари Ламборџини“

Карлос Тевез откри дека бил исмејуван од соиграчите во Манчестер Јунајтед пред да дојде Вејн Руни за да му помогне… со Ламборџини.

„На тренинзите на Ман Јунајтед, играчите доаѓаа со Ферари или Ламборџини“, изјави Тевез за „Марка“.

„Сите, дури и најслабите играчи, имаа Ферари. Јас одев со Ауди што клубот ни го даваше, и тие ме исмеваа како да е Fiat 600.

Зборував со Руни и тој ми подари Ламборџини. Го зедов и на тренинзите во Манчестер одев со тој автомобил“.