Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Киран Ричардсон, смета дека Лионел Меси е најдобриот играч во историјата на фудбалот, иако со Кристијано Роналдо играше од 2003 до 2007 година.
„Двајцата се меѓу најдобрите играчи некогаш видени. Ако треба да изберам подобар, тоа би требало да биде Лионел Меси, и покрај тоа што го сакам Кристијано – игравме заедно и добро се познаваме“, изјави Ричардсон и додаде:
„За нив ќе се зборува засекогаш, дури и кога веќе не се меѓу живите. За Лео е голема работа што го освои Светското првенство во Катар со Аргентина – луѓето постојано велеа дека му недостасува тој трофеј за несомнено да биде најдобриот во историјата на фудбалот“.
Ричардсон професионалната кариера ја започна на Олд Трафорд, а играше и за Вест Бром, Сандерленд, Фулам, Астон Вила и Кардиф. Најчесто играше како лево крило или лев бек, но во подоцнежните играчки денови се пресели во централниот дел од средниот ред. Во кариерата одигра 336 натпревари и забележа 35 голови и 24 асистенции.
Тој најави пензионирање во 2017 година, а заедно со Роналдо освои еден трофеј во Премиер лигата и ФА Купот, како и Комјунити Шилд.
Qui est le meilleur Messi ou Ronaldo de tous les temps ?
Kieran Richardson: "J'ai joué avec Ronaldo et je l'aime mais si je devais choisir, je choisirais Messi."@M30Xtra pic.twitter.com/gv1zSdBI8r
— MHD LE CATALAN⚡️ (@MESSI___10____) March 8, 2023
