ФУДБАЛ

Солари: Без еуфорија, се фокусираме на следните натпревари

Тренер на Реал, Сантијаго Солари беше задоволен од тимската игра на натпреварот од четвртата рунда од групната фаза на Лигата на шампионите со Викторија Плзен (5:0). Тој истакна дека оваа победа не треба да доведе до опуштање на играчите.

– Тимот ја заврши својата работа. Влеговме во натпреварот многу сериозно и постигнавме многу голови. Се трудевме многу, а посебно сакам да истакнам дека атмосферата во клубот е на високо ниво, изјави Солари.

„Спасителот“ на Реал кој дојде на тренерското место како привремено решение по отказот на Хуан Лопетеги побара исто залагање и на следните средби.

– Кога ќе победите со резултат од 5:0 добивате аплаузи. Но тоа е само еден натпревар. Треба мирно да продолжиме со подготовките за следниот дуел и да не потпаднеме под некаква еуфорија, апелира Солари.