ФУДБАЛ

Солари за проблемот на Модриќ: Му благодариме, даваше се од себе

Реал Мадрид повторно ги разочара своите фанови минатата ноќ. На гостување кај Виљареал одиграа нерешено со резултат 2:2.

Домашната екипа беше прва што го презеде водството, Реал се врати со два гола за 13 минути, но Санти Казорла на осум минути пред крајот постигна гол и му донесе бод на својот тим.

Реал делуваше многу бледо, а во втората половина Сантијаго Солари одлучи да ги испрати Бале и Лука Модриќ на клупата.

Модриќ не беше на негово ниво поради проблеми со грипот, и сите се согласуваат дека тоа е една од неговите полоши партии.

„Модриќ го направи она што може, бидејќи е болен. Даваше се од себе и му се заблагодаривме“, рече Солари.

Во последниве месеци се појавија информации дека Модриќ одбил нов договор со Мадрид и дека постои можност да ја продолжи кариерата во Интер. Засега нема официјални информации за тоа.