Македонскиот претставник Карпош Соколи запиша нов четврти пораз во групата од ФИБА Европа купот. Синоќа во Скопје унгарската екипа Солнок славеше со 91:73. Освен првиот период, кој им припадна на домаќините во другите поуспешни беа кошаркарите од Унгарија. Резултат по периоди: 26:21, 8:24, 17:23 и 22:23.
Најефикасен кај Карпош Соколи беше Чомагиќ со 17 поени, а ист број поени кај Солнок постигна Пери поранешниот играч на Карпош Соколи.
Табела: Солнок 3-1 (победи-порази), Нижни Новгород 3-1, Фалко Вулкано 2-2, Карпош Соколи 0-4.
Во следното коло Карпош Соколи гостуваат во Русија кај екипата на Нижни Новгород.