ФУДБАЛ

Солскјер: Рашфорд може да стане како Роналдо

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Солскјер смета дека Маркус Рашфорди би можел да го достигне нивото на фудбалската ѕвезда, Кристијано Роналдо, ако продолжи да се подобрува како што тоа го прави сега.

Маркус Рашфорд ја продолжи својата одлична форма со уште еден погодок во импресивната победа на Манчестер Јунајтед од 2:1 над Манчестер Сити во неделата.

22-годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Англија оваа сезона постигна 13 голови, од кои десет во Премиер лигата.

Солскјер верува дека Рашфорд би можел да стане како петкратниот победник на Златната топка, Роналдо, кој имаше освоено три титули во Премиер лигата и една титула во Лигата на шампионите со Манчестер јунајтед, пред да се пресели во Реал Мадрид во 2009 година.

„Многу е лесно да се споредат овие двајца. Ги имате истите способности, обликот на телото, карактеристиките, однесувањето – сè“, рече Солскјер.

„Дечкото (Рашфорд) ја има секоја можност на овој свет да стане врвен играч. Да се ​​надеваме дека така ќе продолжи“.

„Не сакам да зборувам за бројот на голови. Се додека тој продолжува да игра вака и е директен и размислува само за постигнување голови и создавање можности, тогаш ќе постигне голови.“

Рашфорд се надева дека ќе ја продолжи својата форма во следниот натпревар на „црвените ѓаволи“ против АЗ Акмар во Лигата на Европа во четврток и во недела против Евертон во Премиер лигата.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига