ФУДБАЛ

Солскјаер зборуваше за дуелот со Рома, акцентот го стави на Џеко: Секоја топка во казнениот простор…

Благодарение на голот на Един Џеко, Рома го елиминираше Ајакс, и ќе се натпреварува со Јунајтед во полуфиналето од Лига Европа.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер зборуваше за италијанскиот тим, со посебен акцент на Џеко.

“Јас не ја гледав Рома. Ги познавам, тие добро се бранат и сите го знаеме Един Џеко. Секоја топка во казнениот простор е опасност”, истакна Солскјер.

Тој додаде дека со нетрпение го чека дуелот со Рома, и дека станува збор за клуб со богата историја.

“Се надевам дека ќе се пласирам во финалето. Ако ја завршиме сезоната со освоениот трофеј, тоа ќе биде одлично”, додаде Норвежанецот.

Дуелот помеѓу Рома и Манчестер го коментираше самиот Џеко.

“Ако стигнавме до полуфиналето ќе кажам дека можеме да играме против нив. Немавме лесен пат затоа што ги нокаутиравме Брага, Ајакс, Шахтјор и сега не чека силен тим. Ние сме Рома, стигнавме до полуфиналето и треба да дадеме сè за да се пласираме во финалето“.

Џеко ги постигна последните три гола за Рома во Лигата на Европа. Двапати против Брага и еднаш против Ајакс.

“Оваа сезона имаше подеми и падови, јас не се чувствував најдобро во многу работи. Не сакам да гледам наназад, што се случи, сега одиме во полуфинале. Треба да се забавуваме, не се игра секоја недела на Олд Трафорд“.

Средбите се закажани на 29 април и 6 мај. Првиот натпревар ќе се игра на „Олд Трафорд“.

Оле Гунар Солскјер е менаџер на Манчестер Јунајтед од март 2019 година, а оттогаш го водеше тимот од Олд Трафорд на 108 натпревари. Во нив, тој постигна резултат од 51 победа, 29 порази и 28 нерешени средби.

 

ПОВРЗАНО

Лига Европа