Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер верува дека не постои начин голема селекција во јануарскиот преоден рок да ги реши проблемите на тимот. „Црвените ѓаволи“ забележаа два последователни порази и сега се на шест бода зад четвртото место и неверојатни 33 поени од лидерот Ливерпул.
Солскјер уште еднаш даде пример за неговиот колега од Ливерпул, Јирген Клоп, кој имаше време и мир да ја изгради својата победничка машина четири сезони.
– Ние имаме свој начин на работа. Се разбира, можете да видите како другите тимови одлично се снаоѓаат. Јирген помина четири години во градењето на својот состав и тие добро напредуваат сега. Сум кажал и претходно, не можете да добиете осум или десет играчи во еден трансфер прозорец. Имавме прилично добар летен прозорец, но овој во јануари е многу потежок, но сè уште се обидуваме да направиме нешто во моментов. Кога започнувате нешто, се придржувате до вашиот план. Истото важи и за мене, рече Солскјер.