Францускиот стручњак Зинедин Зидан во моментов е без работа откако летово го напушти Реал Мадрид.
Зидан на крајот на минатата сезона одлучи дека е време да го напушти кралскиот клуб и да бара нов предизвик во кариерата.
Многумина веруваат дека главната цел на Зидан е да стане нов селектор на француската репрезентација, но тоа може да се случи дури по завршувањето на Светското првенство во Катар следната година.
Зидан дури се поврза со Њукасл, но првично одби да оди и наводно им рекол на челниците на овој клуб дека во моментов е фокусиран на одмор.
Јасно е дека тој ја чека вистинската понуда, а англиските медиуми утрово објавија дека таа наскоро би можела да „тропне“ на вратата на Зидан.
Наводно, Зидан е еден од кандидатите за тренер на Манчестер Јунајтед бидејќи се повеќе се шпекулира дека Оле Гунар Солскјер ќе добие отказ од клупата на „Црвените ѓаволи“.
„Мирор“ објави дека Манчестер Јунајтед веќе го контактирал Зидан бидејќи тоа им го препорачал Кристијано Роналдо, кој очигледно верува дека францускиот стручњак би бил одличен избор за овој клуб.
Солскјер не ги бележи најдобрите резултати со Јунајтед оваа сезона и ако тоа не се промени нема да биде изненадување доколку биде отпуштен во следниот период. Но, дали Зидан ќе биде тој што ќе го замени, останува да видиме.
🔴🔴 Manchester United a contacté Zidane après la recommandation de Cristiano Ronaldo
(@elchiringuitotv) pic.twitter.com/MfA1lq8py3
— Gio CR7 (@ArobaseGiovanny) October 19, 2021