Манчестер Јунајтед денес ќе биде домаќин на Њукасл пред своите навивачи.
Јасно е дека Јунајтед брка три бода, а Солскјер ќе може да смета на Пол Погба.
По незгодната повреда, Французинот се врати на теренот и ја искористи својата шанса од клупата во последниот натпревар.
Норвежанецот е свесен колку е важен Погба за тимот.
„Тој може да игра сè во средниот ред. Може да игра позади и да испраќа долги топки. Може да оди напред. Тоа е убавината на тоа што го има. Убаво е што се врати”, беше јасен Солскајер.
Неодамна, познатиот менаџер Мино Рајола објави дека Погба сигурно нема да го напушти Јунајтед оваа зима.
Тој, наводно, е заинтересиран за Реал Мадрид, но од тој трансфер барем засега нема ништо.