ФУДБАЛ

Солскјер ги избра најдобрите 11 за поход кон Лигата на шампионите

Денеска започнува новата сезона во Лигата на шампионите, а Манчестер Јунајтед е меѓу првите што ќе го одигра својот натпревар во групната фаза.

Англискиот великан гостува кај швајцарскиот тим на Јанг Бојс и тој натпревар ќе започне во 18:45 часот.

Кристијано Роналдо е стартер, иако се шпекулираше дека Португалецот може да се одмори, но Солскјер одлучи повторно да го вклучи во стартниот состав, откако во саботата постигна два гола против Њукасл во Премиер лигата.

Нема големи промени во тимот, можеби единственото изненадување е што Дони ван де Бик е стартер во средниот ред заедно со Фред и Погба.

Јунајтед отвори одлична сезона во Премиер лигата, а сега сака да започне во ист ритам и во Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ се големи фаворити против Швајцарците, но секако допрва треба да го докажат тоа на теренот.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига