ФУДБАЛ

Солскјер го споредува Рашфорд со Роналдо

Солскјер повторно го спореди Маркус Рашфорд со Кристијано Роналдо по победата на Манчестер Јунајтед над Њукасл Јунајтед.

Рашфорд го постигна својот 11-ти гол во Премиер лигата оваа сезона – најдобра сезона во неговата кариера – во победата од 4-1 на „Олд Трафорд“.

Солскјер сега го спореди 22-годишниот фудбалер на Јунајтед со Роналдо, откако талентот на академијата постигна убав гол со глава.

„Тој е физички примерок. Тој се грижи за себе, напорно работи во теретана“, рече Солскјер на прес-конференција.

„Така, Маркус го прави она што го правеше Кристијано за да дојде до нивото на кое беше во млада возраст“.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига