Тренерот на „Црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер го даде своето мислење за укинувањето на суспензијата на гратскиот ривал, Манчестер Сити за евро-куповите.
„Не е моја работа да зборувам за Манчестер сити и одлуката да им се укине казната. Оставам на другите да разговараат што е правилно, а што не. Моја задача е да размислувам за следниот меч на мојот тим и да ја подготвам екипата. Што се однесува до финансискиот фер-плеј, тој е потребен за да се одржи финансиската одржливост на клубовите. Мислам дека ова е важно. Покрај тоа, фер-плејот ни покажува кои правила треба да се следат“, истакна Солскјер.
Претходно, укинување на суспензијата на Манчестер Сити како срамна ја оцени тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо.