Тренерот на Манчестер Јунајтед, Солскјер изјави дека нема „никаков изговор“ за континуираното страдање на „црвените ѓаволи“, но признава дека треба да го регулира тимскиот морал. „Црвените ѓаволи“ претрпеа уште еден пораз од Њукасл со минимален резултат. Имаат само девет бода од првите осум натпревари во Премиерлигата, со тоа што екипата на Солскјер го зазеде 12. место.
„Разочарани сме. Недостасуваат многу клучни играчи, но тоа не е оправдување. Играчите работеа напорно, но во моментот сме на место на кое не сме навикнати. На некои момци им недостасува малку смиреност и немаме доволно шанси да победиме на фудбалски натпревар. Тие стојат заедно како тим“, рече Солскјер.