Оле Гунар Солскјер ќе го предводи Манчестер Јунајтед следната сезона.
Според англиските медиуми, првиот човек на клубот, Ед Вудвард, решил да застане зад норвешкиот стручњак и ќе биде целосно поддржуван во процесот на обнова на тимот.
Иако Почетино и Алегри беа вклучени во преземањето на „црвените ѓаволи“, Вудвард реши да го поддржи Солскјер и во текот на летото заштеди дури 250 милиони фунти за нови играчи.
И списокот на играчи што Норвежанецот ги посакува е огромен. Првото име на списокот е Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд. За него, Јунајтед е подготвен да плати 100 милиони фунти, а меѓу играчите кои би можеле да ја направат рутата на Олд Трафорд се и Џек Грелиш, Џејмс Медисон и Доминик Калверт-Левин.
„Ние сакаме да ја завршиме сезоната што е можно поцврсто. Ние продолживме да напредуваме во обновата на тимот и ќе работиме понатаму за спроведување на план за целосна обнова на тимот со Оле”, рече Вудвард.
Ќе видиме како ќе изгледа Јунајтед следната сезона и колку потенцијални засилувања навистина би можеле да му помогнат.