Манчестер Јунајтед денес ги разочара своите навивачи.
Екипата на Солскјер беше поразена на гостувањето кај Ватфорд со 2-0, од најлошата екипа во Премиерлигата која стигна до својата втора победа оваа сезона.
Ватфорд постигна два гола за само четири минути. Прво, Де Геа направи страшна грешка и му поклони гол на домашната екипа во 50. минута, стрелец на голот беше Сар, а потоа Ван-Бисака изнуди пенал по што Ватфорд го постигна вториот гол во 54. минута.
Солскјаер беше незадоволен по натпреварот и истакна дека мораше да се заработи секој бод, а неговиот тим не го заслужи тоа денес.
„Лошо го започнавме натпреварот. Првото полувреме беше многу, многу лошо од обете страни, а кога ќе добиете два гола како што добивме за краток период, со нивните два удари во шеснаесетникот, тогаш си дадовме премногу работа“.
„Добро ни одеше, но мора да го заработиш секој бод во оваа лига. Можеме да дебатираме цел ден. Мора да реагираме“, рече Солскјер, кој исто така ја коментираше катастрофалната грешка на неговиот голман:
„Тоа беше грешка што се случува во фудбалот. Де Геа во последно време беше добар, но се случуваат вакви работи“.