Очекувано, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, беше незадоволен по поразот од Астон Вила, и смета дека неговиот тим е оштетен во тој дуел.
Астон Вила славеше со минимален резултат на „Олд Трафорд“. Единствениот гол на натпреварот го постигна Кортни Хаус во 88. минута. Јунајтед имаше шанса да се избори за бод, но Бруно не го реализираше пеналот во третата минута од продолжението.
„Разочаран сум. Постигнаа гол од офсајд. Немавме среќа со таа одлука“, рече Солскјер.
„Не знам како ова беше признато како гол, а против Лестер не.Не гледам конзистентност. Ова беше очигледно офсајд“.
Пред изведувањето на пеналот, Бруно беше опкружен со гостински играчи. После тоа, тој ја испрати топката преку голот од белата точка.
„Не сакав да го споменам тоа, но не е правилно тоа што го направија. Некој требаше да добие жолт картон. Но, тие го добија она што го сакаа. Бруно обично е добар во вакви ситуации, но за жал промаши“.
Јунајтед претрпе два врзани порази, откако претходно загуби од Вест Хем во Лига купот. Следниот натпревар ќе го одигра против Виilареал во Лигата на шампионите.
„Кога губите натпревари, тогаш секако дека сте загрижени. Не очекува важен натпревар, Лига на шампиони. Знам дека момците ќе се борат еден за друг и за дресот што ќе го носат“, заклучи Солскјер.