ФУДБАЛ

Солскјер: Сè уште мислам дека Де Хеа е најдобар во светот

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не го обвинува својот голман Давид де Хеа за голот што го доби во дуелот со Тотенхем.

Спарсите го презедоа водството во петокот со гол на Стивен Бергвајн, кој во 27-та минута ја влечеше топката скоро од центарот и ја затресе мрежата веднаш до несмасниот Де Хеа. Натпреварот заврши на 1:1 на крајот.

После тоа, Рој Кин остро го критикуваше шпанскиот голман, потенцирајќи дека му е мака од своите грешки.

“Мислам дека не е лошо кога ќе примите два гола на седум натпревари, а игравте против Сити, Челзи, Тотенхем и Евертон. Можеби тој би можел да одбрани во петок, можеби не. Секако, тој често нè спасува, ни дозволува да победиме. Сеуште мислам дека тој е најдобриот голман на светот “, рече Солскјер.

Клубот од „Олд Трафорд“ е на петтото место на табелата со 46 бода.