Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, истакна дека сите во тимот се целосно фокусирани на мечот со Аталанта и дека ќе размислат за тоа што следува потоа.
„Црвените ѓаволи“ во вторник од 21 часот во Бергамо го играат натпреварот од четвртото коло од Лигата на шампионите. Потоа ги очекува градското дерби со Манчестер Сити во Премиер лигата.
„Целиот фокус е на оваа игра. А потоа ќе се навратиме на она што доаѓа по дербито на Манчестер. Знаеме дека ќе биде тешко, но подготвени сме“ , изјави Оле.
„Ние сме во добра позиција во групата бидејќи победивме на домашен терен, но треба да дојдеме до посакуваниот резултат на гостински терен.“
Норвешкиот стручњак не откри кој тим ќе биде на терен во вторник.
„Не можам да ви го откријам планот за игра или тактиката, но имаме тим кој може да игра на многу начини. Во саботата квалитетот беше поважен од системот во кој игравме“.
Новинарите на Солскјер побараа коментар за отказот што Тотенхем и го врачи на Нуна Еспирита Санта по мечот со Јунајтед.
„Никогаш не е убаво да се види како добри луѓе ја губат работата. Не знам каква е ситуацијата во Тотенхем, но како колега не можеш да бидеш среќен кога ќе се случи вакво нешто“.
Норвежанецот исто така беше мета на критики во последните недели.
„Поради критиките, можете да се сомневате во себе или да застанете во одбрана. Отсекогаш сум уживал. Сите ние имаме различни работни места, нивна работа е да го дадат своето мислење. Не сакам да се карам со никого“, заклучи Солскјер.