Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е убеден дека ќе го извлече најдоброто од својот тим.
Јунајтед ги подели бодовите со Евертон во последното коло од Премиер лигата, додека претходно загуби од Астон Вила. Покрај тоа, тој беше елиминиран во Лига купот од Вест Хем.
„Сигурен сум дека ќе го извлечеме најдоброто од овој тим“, рече Солскјер.
„Многу се случи во последниот месец. Варан и Санчо се со нас од август, Кристијано дојде во септември. Имаме на што да работиме, мора да напредуваме и тоа го знам. Но, јас верувам во оваа група играчи и стручниот штаб“.
„Црвените ѓаволи“ во моментов се четврти на табелата со 14 бода од седум натпревари.
Како мислите дека ќе изгледа Јунајтед на крајот на сезоната?