Церемонијата на ФИФА Најдобриот за најдобар играч на светот во моментов се одржува во Цирих.
Но, пред централната награда за најдобар играч во 2020 година, ФИФА одлучи да подели неколку награди во традиционални категории.
Една од најинтересните е секако наградата „Пушкаш“ доделена за најдобар гол на годината што е скоро зад нас.
Во конкуренција за најдобар гол во 2020 година беа Луис Суарез, Сон Хеунг-мин и Џорџијан Де Араскаета.
На крајот, наградата за најдобар гол на годината ја освои Сон, кој постигна неверојатен гол на мечот помеѓу Тотенхем и Барнли, кога го мина скоро целиот противнички тим, а потоа ја затресе мрежата.
The 𝗪𝗜𝗡𝗡𝗘𝗥 of the #Puskas Award 2020…
🔥 𝗛𝗘𝗨𝗡𝗚-𝗠𝗜𝗡 𝗦𝗢𝗡 🔥#FIFAFootballAwards ⚪️ #TheBest pic.twitter.com/3hOpgUSE9h
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) December 17, 2020