ФУДБАЛ

Сон конечно се врати во Тотенхем

Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин, по завршувањето на воениот рок, се врати во центарот за обука на Тотенхем.

Дваесет и седумгодишниот напаѓач, три недели помина во воената морнарица во родната земја Јужан Кореја.

„Погледнете кој се врати!“ – напишано е на официјалниот Твитер на Тотенхем.

Во сезоната 2019/20, Сон настапи на 32 натпревари за Спарс, постигна 16 гола и направи осум асистенции.