Горана Табак преживеала вистинска драма во Мадрид. Сопругата на хрватскиот кошаркарски тренер Жан Табак, ја добила битката со коронавирусот. Сепак, нејзините зборови се потрени. Битката воопшто не била лесна.
-Не можев повеќе да издржам, ги молев лекарите и медицинските сестри да ги исклучат апаратите на кои бев уклучена за да ме одржуваат во живот. Преживеав нешто страшно, нешто што е тешко да го сфати оној кој никогаш не преживеал такво нешто, вели таа во интервју за „Слободна Далмација“.