ФУДБАЛ

Сопруга на турската легенда: Невидени симптоми, кожата му стана сива

Поранешниот голман на Турција, кој исто така бранеше за Барселона, Рушту Рекбер се бори за својот живот.

Пред неколку дена, 46-годишниот Рушту беше хоспитализиран, откако беше откриено дека тој е заразен од коронавирусот, при што медиумите во Турција објавија велејќи дека неговата состојба не е добра и неговиот живот е во опасност.

А за се ја обвинија неговата сопруга, Исил, која откако дојде од патување од САД, не ги заврши пропишаните 14 дена изолација, туку отиде во нејзиниот салон за убавина и ги загрози животите на многумина, вклучувајќи го и Рушту.

Во овие моменти, Исил не се грижи за медиумскиот линч. Таа само се надева дека нејзиниот сопруг ќе излезе победник во оваа битка.

„Лага е тоа што се пише. Јас не отидов во салонот за убавина. Излегов само еднаш, но не ми е гајле во овие моменти за тоа, важно е само Рушту да се излечи”, рече Исил, чиј тест за коронавирус беше негативен.

Сепак легендарниот голман во сериозна опасност.

„Изминатите три дена беа критични, тој имаше постојана температура, но исто така имаше и необични симптоми што досега не ги чувствувал. Тој чувствува огромна слабост, едвај можеше да се движи, го изгуби апетитот … И не само тоа, неговата боја на кожата се смени, таа буквално се претвори во сива. Лицето, усните, сè … Тој дишеше брзо и кашлаше нон-стоп“, откри Исил.

Рекбер е рекордер по неговиот број на настапи за Турција, а во текот на својата кариера тој покрај Барселона бранеше за Фенербахче, Бешикташ и Анталијаспор.