Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро заврши во болница откако имаше проблеми со дишењето на натпреварот против Алавес минатиот викенд.
На Аргентинецот му беше дијагностицирана срцева аритмија и Барселона подоцна потврди дека нема да игра најмалку три месеци, но веројатно многу повеќе од тоа. Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити веќе неколку дена е во болница, а таму често го посетува сопругата Софија Калзети.
Таа на својот Инстаграм објави трогателна фотографија од болница со посебен опис:
„Денес повеќе од кога било. Те сакам“.
Така, Аргентинката ги демантираше гласините дека ќе се разведе од Серхио Агуеро, како што неодамна објавија медиумите.
