ФУДБАЛ

Сопругата на Ериксен со солзи истрча на теренот

Натпреварот помеѓу Данска и Финска беше прекинат откако Кристијан Ериксен се сруши на теренот на стадионот Паркен во Копенхаген.

На самиот крај на првото полувреме, Данците имаа аут, а еден од играчите ја исфрли топката до Ериксен.

Но, само неколку моменти после тоа, Ериксен колабираше на теренот, а неговите соиграчи видоа дека нешто не е во ред и веднаш истрчаа да му помогнат и побараа да дојдат лекари.

Ериксен изгуби свест и се сруши, а преносот покажа дека лекарите го оживуваат данскиот репрезентативец, што беше навистина ужасно за гледање.

 

Неговата сопруга Сабрина Квист Јенсен исто така беше на трибините на стадионот Паркен, обидувајќи се да стигне до Ерискен.

Сабрина со солзи истрча на стадионот и се обиде да отиде кај нејзиниот сопруг, но тоа не и беше дозволено.

Членовите на стручниот штаб успеаја да ја запрат и не ја пуштија да се приближи бидејќи беше јасно дека Ериксен се бори за живот и не сакаа таа да го гледа тоа.

Набргу потоа, и пријде голманот Каспер Шмајхел и се обиде да ја утеши, но беше јасно дека таа е тотално сршена.

 

За среќа, сепак, лекарите успеаја да го оживеат Ериксен, кој потоа со носилка беше изнесен од стадионот.

Фановите го дочекаа со голем аплауз и беа среќни кога видоа дека тој е жив и свесен.

УЕФА веднаш потоа објави дека Ериксен е итно пренесен во блиската болница и за среќа тој во моментов е во стабилна состојба.

Исто така, наскоро ќе се разгледа дали ќе продолжи натпреварот помеѓу Данска и Финска.