Марта Понсати Ромеро, сопруга на ѕвездата на Наполи, Хозе Каљехон, беше многу лута што одлуките донесени од италијанската влада не се почитуваат.
Италија е најзагрозената европска земја во моментот поради пандемијата на коронавирусот и досега починаа дури 2158 лица.
Бројот на заразени на италијанско тло се зголемува од час во час, така што сите се во карантин на неопределено време. Има и такви кои не ги почитуваат наредбите и упатствата на надлежните, што само ја влошува состојбата и резултира со уште поголем број на болни и починати.
Токму поради тоа се огласи сопругата на Каљехон, Марта, која е свесна дека честопати правилото не го почитуваат оние на кои им треба најмногу.
„Моето семејство веќе седум дена е во куќата, моите ќерки со нетрпение чекаат да се сончаат и да трчаат низ паркот. Ја напуштам куќата само половина час за купување, но скандалозно е што многу постари луѓе шетаат наоколу како ништо да не се случило. Не сфаќате ли дека сето ова го правиме најмногу за вас?“, објави Марта на својот Инстаграм.
