Роналд Куман синоќа доживеа голем срам кога го напушти Камп Ноу.
Барселона вчера беше поразена пред своите навивачи во Ел Класико од Реал Мадрид со 2:1, што предизвика големо незадоволство кај најжестоките навивачи на каталонскиот клуб.
Веќе некое време се незадоволни од резултатите на Куман и бараат негово заминување од клубот, но тој не сака да поднесе оставка.
Холандскиот стручњак очигледно чека клубот да го отпушти, за што би добил дури 12 милиони евра како обештетување. Барселона оваа сезона игра навистина очајно, а поразот од најголемиот ривал е нешто што навивачите не го простуваат.
Најогнените навивачи на Барселона синоќа го чекаа Куман пред стадионот, а кога тој се појави пред капијата со својот автомобил настана вистински хаос.
Навивачите го опколија и го навредуваа и бараа да го напушти клубот. Некои од нив навистина претераа кога почнаа да го клоцаат автомобилот на Куман по што тој „удри гас“.

Во автомобилот била и неговата сопруга, видно шокирана од тоа што се случува. Впрочем, се огласи и Барселона, а клубот го осуди ваквото однесување на навивачите.

Но дали на овој начин ќе успеат да го избркаат холандскиот стручњак од тренерската клупа, останува да видиме.