Сопругата на британскиот боксер Тајсон Фјури, Париз, откри дека го загубила детето неколку часа пред борбата меѓу него и гостиварецот Сефер Сефери. Таа го сокрила тоа од него за да не го демотивира и да го поштеди од проблеми во мечот.

Париз имала спонтан абортус утрото кога Фјури требало да се бори со Сефери во јуни годинава.
- Бев бремена во вториот месец и на денот на борбата на Фјури го изгубив нашето дете. Не сакав да му кажам пред борбата. Го направив тоа дури по неа, а другиот ден отидовме во болница и лекарите потврдија. Пет недели подоцна повторно забременив и сега во март очекуваме син. Бевме скршени од загубата, но новата бременост ни помогна да закрепнеме. Тајсон никогаш не се одрече од мене и од децата ниту во моментите на депресија. Тој имаше сериозен проблем и дури не сакаше да стане од кревет. Не гледаше смисла во животот. Потоа му реков дека не има мене и децата, но ми рече дека не сака да живее. Се држеше пред сите како ништо да не е, но јас бев таму кога плачеше и врескаше, откри Париз.
Пред само две недели Фјури се бореше за ВБЦ појасот против Дионтеј Вајлдер, меч кој заврши без победник, па затоа титулата остана во рацете на Американецот. Се поизвесно е дека наскоро ќе биде договорен и реваншот меѓу овие два боксера.