ФУДБАЛ

Сопственикот на Фенербахче го купува Вардар?

Али Коч тежи повеќе од милијарда евра, а неговото семејство е меѓу најбогатите во Турција.

Коч е прв човек на Фенербахче веќе подолго време, а според вестите од Турција, тој е заинтересиран да купи го купи Вардар.

Како што стојат работите сега, Вардар има најголеми шанси за купување, кој е во огромни финансиски проблеми, а минатата сезона испадна во втората лига на Македонија.

Турските медиуми наведуваат дека идејата е Вардар да стане подружница на Фенер. Сите играчи кои не би играле за трофејниот клуб од Истанбул, би завршиле во Скопје.

Оваа вест за сите во Македонија беше примена како целосно изненадување бидејќи пред неколку дена беше објавена веста дека Слободан Крстевски стана нов сопственик на Вардар, но сега сè може да се смени.

Во случај Коч да го купи Вардар, клубот сигурно многу бргу би се вратил во игра за трофеи во македонскиот фудбал, па би било интересно да се види како Коч би се однесувал во тој случај, бидејќи УЕФА не дозволува два клуба со ист сопственик да се натпреваруваат во Европа.

Инаку, најголемиот успех во клупската историја Вардар го постигна пред четири години преку Фенербахче, кога македонскиот клубот од Скопје го нокаутираше турскиот гигант во плејофот за Лигата на Европа и се пласираше во групната фаза.

 

ПОВРЗАНО

Вардар