На Милан не му оди добро оваа сезона, а директорите на клубот би можеле да платат за лошите резултати.
Паоло Малдини и Звонимир Бобан, како клупски легенди, ова лето решија да ја преземат улогата на директори и да се обидат да направат нешто за клубот од „Сан Сиро“, но очигледно тие не ја завршија вистинската работа.
Иако се донесени многу нови играчи и нов тренер, Милан е катастрофален и по четири кола во Серија А, има дури четири порази, а веќе се зборува за отказ на Марко Џампаоло.
Покрај тоа, не е исклучена можноста Малдини и Бобан да ги напуштат своите позиции.
Според „La Gazzetta dello Sport“, Елиот Менаџмент, фирма со седиште во Милано, е подготвена да ги отпушти, спортскиот директор Паоло Малдини и шефот на одделот за фудбал Звонимир Бобан.
Претставникот на Елиот Менаџмент, Гордон Сингер, лично присуствуваше на натпреварот против Фиорентина, во кој Милан беше поразен со 3:1, а навивачите изразија незадоволство од тимот.
„Gazzetta dello Sport“ исто така тврди дека по натпреварот Аталанта – Шахтјор Малдини се сретна со Андреј Шевченко. Официјално, поводот ќе бил прослава на неодамнешниот роденден на селекторот на украинската репрезентација, но медиумите сугерираат дека можеби се разговарало за назначувањето на Андреј за главен тренер на Милан.