Ринат Ахметов е најбогатиот Украинец и човекот кој го направи Шахтјор сериозна европска сила.
Ахметов е сопственик на Шахтјор, но сега стана актуелен во медиумите откако на 24 февруари започна руската инвазија на неговата земја. Десет дена пред почетокот на војната, Ахметов донесе радикална одлука.
Познат како човек близок до Владимир Путин и Русија, тој реши навреме да ги прекине врските со руските лидери и со Кремљ. Така, тој ги прекина сите деловни врски, не ни помислувајќи да го предаде својот народ и целосно да се сврти против Русија и режимот на нејзините моќници.
Во минатото, украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини дека е близок соработник на Путин и на другите руски лидери, а тој одлучи да излезе во јавноста и да зборува за војната што во неговата земја трае веќе 12 дена.
Сопственикот на Шахтјор од Доњецк силно ја обвинува Русија за инвазија и вели дека Владимир Путин е воен злосторник.
„Русија е земја агресор, а Путин е воен злосторник. Украина отсекогаш била пацифист и не напаѓала никого. Денес, во селата, во нашите градови, инфраструктурата е уништена, цивилите умираат и страдаат“, рече Ринат Ахметов.

„Моето срце крвари од она што сега се случува во Мариупол: од фактот дека жителите на Мариупол се кријат од гранатирање во продавниците на нашите фабрики; од фактот дека нашите енергетски работници прават се што е можно и невозможно за да биде топло. Денес, сите наши компании се фокусирани само на една работа: да им помогнеме на луѓето да преживеат, да направат се за да не останат сами со неволјите. А јас работам и ќе направам се што е во моја моќ да го сторам тоа. Јас лично сум во Украина нема да одиме никаде. Мојот фонд им помага на луѓето да преживеат: снабдува со храна, лекови, а фабриките на SCM и помагаат на украинската армија да го заштити суверенитетот на нашата земја“, рече Ахметов.
Според The Kyiv Independent, Ахметов ги прекинал врските со Русија 10 дена пред почетокот на војната. Исто така, првиот украински олигарх кој одлучи јавно да проговори против режимот на Кремљ, одлучи неговата идна работа повеќе да не ја врши со партнери во Русија или на таа територија.
Ахметов ќе ја поддржи украинската армија во војната против Русија
Ахметов беше еден од луѓето кои ја напуштија Украина пред војната, но очигледно реши да се врати и да живее во областа Мариупол, каде што има една од неговите најголеми компании. Тој им се обрати на повеќе од 200 вработени и ги увери дека ја поддржува државата во актуелната војна.
„Сите сакаме силна, независна и обединета Украина во нејзините меѓународно признати граници. Сега единството е клучот за нашиот опстанок. Без разлика со какво сценарио ќе се соочиме, сакам да помогнам. Мораме да направиме се што можеме за да избегнеме хуманитарна катастрофа.“, рече тој пред само неколку дена.
Извештаите во медиумите велат дека Ахметов и Порошенко, двајцата од најбогатите олигарси во Украина, го убедиле претседателот Володимир Зеленски во нивната финансиска поддршка, првенствено насочена кон војската.
Ринат Ахметов е најбогатиот човек во Украина, со проценето богатство од над шест милијарди евра.
Благодарение на него, долги години гледаме многу успешен Шахтјор на европската сцена. Благодарение на паметниот бизнис, популарните рудари редовно вршат големи излезни трансфери. Тие постојано играат во групната фаза на натпреварувањата на УЕФА и влегуваат во нокаут фазата, иако далеку од нивниот Доњецк. Од почетокот на војната, тие играа со Лавов (1.000 км од Доњецк) и Харков (260 км од Доњецк) и сега се со седиште во Киев.
Најголемиот успех е постигнат во 2009 година со освојувањето на тогашниот Куп на УЕФА. Од доаѓањето на Ахметов, тој има освоено 13 украински титули и Купот, како и девет украински Суперкупови. Фред (57 милиони), Фернандињо (40), Вилијан (35), Даглас Коста (30) се само дел од големите продажби на Шахтјор во последната деценија.