ФУДБАЛ

Соседнството ќе биде организатор на европскиот Суперкуп

Фудбалерите на Манчестер Сити и Севиља ќе се сретнат во август во натпреварот од Суперкупот на Европа на УЕФА.

Традиционално, победникот во Лигата на шампионите ќе игра против победникот во Лига Европа за „круната“ на Стариот континент.

Натпреварот е закажан за 16 август, а локацијата е стадионот „Караискакис“ во Атина.

Првично, домаќин на спектаклот требаше да биде Казан, кој беше одреден во 2020 година, но поради исклучувањето на Русија од УЕФА поради војната, мораше да се најде ново решение, а во јануари беше одлучено тоа да биде стадионот Олимпијакос.

ПОВРЗАНО

Лига Европа