Тијаго Алкантара ги договори сите услови на договорот со Ливерпул.
Шпанскиот фудбалер има силна желба да ги засили редовите на англискиот шампион и веќе има договорено четиригодишен договор со „црвените“.
Сепак, Ливерпул и Баерн немаат начин да се договорат за цена. Баварците бараат 30 милиони евра за 29-годишниот играч од средниот ред, но таа бројка е преголема за управата на Ливерпул.
Сосема е нормално дека не сакаат да дадат 30 милиони за Тијаго. За само пет месеци, можам да го потпишам без ниту едно потрошено евро, затоа што влегува во финишот на договорот и може да дојде како бесплатно засилување од следното лето.
Сепак, имајќи предвид дека постои взаемна желба за соработка уште во овој преоден рок, Ливерпул е подготвен да плати одредена сума, но не и 30 милиони.
Преговорите ќе продолжат во наредните денови и договор би можел да биде постигнат.