ФУДБАЛ

Сосема неочекувано – Варан заврши со Франција!

Одличниот француски стопер Рафаел Варан ненадејно решил да стави крај на својата интернационална кариера, пренесуваат медиумите во Франција.

Стоперот на Манчестер Јунајтед има само 29 години, со години игра на највисоко ниво, а само што влегува во зенитот на кариерата, но повеќе не сака да игра за „триколорите“.

Варан беше незаменлив во тимот на селекторот Дидие Дешам на претходните две светски првенства каде Французите стигнаа до финалето.

Во Русија во 2018 година, Варан ја командуваше одбраната на светските шампиони, додека во Катар минатата година, по пенали му избега нова светска круна.

Одличниот дефанзивец за Франција дебитираше во 2013 година во квалификациите за Светското првенство во Бразил против Грузија кога неговата репрезентација победи со 3:1. Варан само што дебитираше на големо натпреварување на Светското првенство во Јужна Америка.

Две години подоцна, Франција беше домаќин на ЕУРО и стигна до финалето каде Португалија беше подобра, а Варан одигра важна улога на патот. Со репрезентацијата ја освои и Лигата на нации во 2021 година.

Кога ќе се повлече линијата, Варан одигра 93 натпревари за Франција, постигна пет гола, го освои Светското првенство и Лигата на нации, играше во финалето на Европското првенство.

Јасно е, нема да има за што да жали.