Флорентино Перез ќе остане претседател на Реал Мадрид до 2025 година.
Синоќа во Кралскиот клуб се одржа состанок на Управниот одбор на клубот, на кој беше заклучено дека Флорентино Перез е единствениот кандидат за следниот мандат што се однесува до функцијата претседател.
Затоа, немаше потреба од одолговлекување, па Перез ја врати поддршката од кралскиот клуб и беше избран за претседател со мандат кој ќе трае до 2025 година.
Средбата во просториите на Реал Мадрид траеше само 14 минути, а потоа клубот на официјалната веб-страница потврди дека Перез останува претседател на клубот.
Acta de reunión de la Junta Electoral del Real Madrid.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) April 13, 2021