ФУДБАЛ

Состанокот заврши: Куман го извести раководството за засилувањата што ги сака!

Откако ја прифати работата во Барселона, јасно е дека Куман се наметна под голем притисок бидејќи се потребни големи промени во тимот.

Тој денеска имаше средба со новиот спортски директор, Рамон Планес, со кого разговараше за нови засилувања, како и со играчите на кои треба да им се дозволи да одат.

Така, шпанските медиуми ги пренесуваат позициите во кои Куман побара засилување, а Планес веќе пренесе сè на управата на клубот.

Кога станува збор за одбраната, Куман сака еден нов стопер за првиот тим, и лев и десен бек, но некои поевтини играчи, кои би биле замени за тековните играчи.

Тој сака само еден фудбалер во средниот ред, а тоа е класичен дефанзивен играч од средниот ред, затоа што сака да се ослободи од Видал и Ракитиќ.

Покрај тоа, Куман сака класичен напаѓач, вистинска деветка која ќе му донесе голем број на голови, а тој, наводно, веќе го известил Суарез дека не смета на него.