ФУДБАЛ

Составот на Реал Мадрид за новата сезона изгледа брутално

Реал Мадрид можеби не успеа да го доведе Килијан Мбапе, но европскиот и шпанскиот шампион без него имаат навистина феноменален состав.

„Кралевите“ се засилиле во досегашниот дел од сезоната со Аурелиен Чоамени и Антонио Рудигер и така овој тим доби уште поголем квалитет.

Реал е вистински пример за спој на младост и искуство. Има многу играчи со големо искуство кои ќе бидат предводници на овој тим (Карим Бензема, Лука Модриќ, Давид Алаба), но напаѓачот на нападот покрај Бензема повторно ќе бидат младите фудбалери Винисиус Жуниор и Родриго.

Покрај младото бразилско дуо во нападот, во стартниот состав на Кралевите од следната сезона треба да се најдат и младите Французи Аурелиен Чоамени и Едуардо Камавинга, а стартните 11 за новата сезона треба да изгледаат вака:

Куртоа, Карвахал, Алаба, Рудигер, Милитао, Чоамени, Камавинга, Модриќ, Родриго, Винисиус, Бензема.

И на клупата на мадридскиот тим би имало големи имиња. Еден Азар, Тони Крос, Марко Асенсио, Дани Себаљос, Ферланд Менди се меѓу играчите кои се таму, а голема е веројатноста да пристигне уште едно напаѓачко засилување.

Треба да се напомене дека од Реал Мадрид си заминаа Герет Бејл, Марсело и Иско, а сигурни се и заминувањата на Лука Јовиќ и Маријано Дијаз.