ФУДБАЛ

Советот на Касиљас до Донаруми ги разбуди страстите кај навивачите на Милан

Икер Касиљас некогаш беше меѓу најдобрите голмани во светот, исто како што е Џанлуиџи Донарума во моментот.

Донарума бранеше со години во Милан, кој во моментов е далеку од европскиот врв, но сепак е меѓу најголемите клубови на Стариот континент.

Касиљас уредно разбесни многу приврзаници на „росонерите“ со неговата изјава за Милан и Донарума. Легендарниот голман изјави дека Италијанецот заслужува поголем клуб од Милан.

После тоа, шпанскиот голман се обиде да се оправда, но првата изјава веќе полета.

“Според мене, Донарума треба да игра во клуб со поголема традиција. Моја грешка. Милан веќе има традиција, мислам дека клуб што во моментов игра поважна улога во Европа”, објасни Касиљас.

 

Иако веќе некое време не игра забележителна улога во Европа, Милан е еден од најтрофејните во тоа натпреварување со седум титули европски шампион.